Во своето гостување на Сител ТВ во Тема на денот, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски му се обрати на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– Денеска прочитав еден текст, вели, како тоа баш Албанец во овој тежок момент дојде и тоа лекар по професија за да го решава овој проблем. Па можеби и затоа свесно е донесен, бидеќи не ја разбира работата. Имате дипломати од кариера, врвни дипломати кои се исклучени целосно од решавање на овој процес кои никогаш не би дозволиле да се случуваат вакви преседани какви што ни се случуваат. Османи нека се занимава со неговата примарна работа, да не употребува ваква реторика бидејќи секој стап има два краја. Македонскиот народ иако е трпелив секогаш во клучните моменти знаел да покаже интегритет и да го брани тоа што е негово, истакна Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.