ВМРО-ДПМНЕ не остапува од црвените линии и тврди дека ниту членовите на владата не го виделе најновиот Француски предлог.

Мицкоски вели дека не прифаќа промена на Уставот и по цена на неговата политичка кариера.

Црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ се јасни. Црвените линии се дека нема да прифатиме ниту во преговарачката рамка. ниту било каде, во било кој документ на Европската Унија, македонскиот јазик да биде освен македонски, ништо друго. Без никаква фуснота, без никакви унилатерални изјави, без никакви дополнувања, одземање или наддавања. Македонскиот јазик – македонски јазик, без условувања и без фусноти. “ – изјави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.