Во Културно информативниот центар во Скопје (КИЦ) вечерва ќе биде промовирана книгата „Во главата пишувам расказ“ на авторите Елизабета Баковска и Сашо Димоски.

Промотори ќе бидат Оливера Ќорвезироска и Владимир Јанчевски, а во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата на портрети „12 + една“ на фотографот Сашо Димоски.

Ова е трета соработка на Баковска и Димоски. Нивното прво заедничко дело е поетската збирка „Варварите сè уште пишуваат поезија“ (2015), а потоа и изложбата на фотографии подготвена заедно со промоцијата на книгата раскази „Последните голтки“ (2018).

Книгата содржи 60-тина раскази и исто толку фотографии, Баковска ги пишувала расказите во периодот септември – октомври 2018 година и ги објавува на социјалната мрежа „Фејсбук“, а се однесуваат на компресирани сеќавања и размислувања поттикнати од испраќањето и упокојувањето на нејзината мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.