Од 11 до 22 јули секој работен ден од понеделник до петок од 9 наутро до 12.00 напладне, ќе се одржува Летен саем на книгата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид .

Книги од едицијата 130 тома Македонска книжевност  за  само 157 денари по примерок.

Збогатете ја Вашата библиотека, купете книга за подарок – читајте на плажа!

Посочете  им ја на странците македонската книжевност  во 130 тома  преведена на англиски по 473 денари од примерок.

Ќе ви понудиме и книги од едицијата Ѕвездите на светската книжевност  по пристапни цени .

На една од терасите на Библиотеката ќе  ве чека  Летен саем на книгата во ладовина, соопштија оттаму.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.