Премиерот Димитар Ковачевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не чека тешка година, односно најкризна после Втората Светска војна.

Тој додава дека има енергетска криза, војна, ковид-19, како и зголемување на цените.

Не очекува исклучително тешка година, ова е година која е најкризна после Втората Светска војна. Во тоа време се уште беше на високо ниво инфлуенцата со ковид-19, а исто така беше и период на енергетска криза којашто практично започна при крајот на минатата година, а доби на интензитет на почетокот на годината, и дополнително тоа што го немаше во тој момент – војната во Украина, односно воената агресија на Русија врз Украина“, вели Ковачевски.

Според него, тоа дополнително ги влошило условите на светскиот, економскиот и нашиот пазар со зголемување на цените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.