„У Повер“ фирмата во која еден од сопствениците е синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери повеќе не смее да тргува со струја – избришана е од регистарот на учесници на пазарот со електрична енергија. Ова следува откако МЕПСО ја активираше банкараската гаранција и депозитот на компанијата од која до сега не може да наплати долг од вкупно 7,6 милиони евра. Тоа се фактури за  балансната струја на МЕПСО која ја користеше „У Повер“ за да не набавува електрична енергија за своите клиенти  од берзите каде цената на струјата беше и по неколку пати повисока. Компанијата заврши и на извршител, но бидејќи гаранцијата е помала од долгот, МЕПСО покренало и судска постапка. Гаранцијата на  „У Повер“ била  депозит од 587.000 евра и банкарска гаранција од 41.397 евра.

Работењето на „У Повер“ беше ставено под лупа на јавноста и истражните органи откако Аријанит Џафери го нападна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски откако  пак Регулаторна покрена постапка за одземање на лиценцата на компанијата.

АД МЕПСО во март го раскина Договорот за балансна одговорност,донесе одлука за активирање на банкарската гаранција во висина од 2.545.955 денари  и да се задржи депозитот во висина од 36.101.013 денари доставен од страна на У ПОВЕР како финансиско обезбедување по основ на договорот за балансна одговорност.Бидејќи висината на финансиското обезбедување не беше доволна за подмирување на долгот, АД МЕПСО покрена соодветна судска постапка. Заклучно со денеска вкупниот долг на У Повер изнесува 467. 536. 223 денари.- одговорија од МЕПСО.

Ова практично значи дека со раскинувањето на договорот за балансна одговорност, „У Повер“ е избришан и од од регистарот на учесници на пазасот со електрична енергија.

Инаку речиси 93 милиони евра-толку е штетата од ланскиот дисбаланс на системот со електрична енергија кој го направија вкупно 24 трговци со струја на  слободниот пазар, меѓу кои и У ПОВЕР – утврди Регулаторната комисија за енергетика во годишниот извештај за лани. Пoради високите цени на електричната енергија на берзите – трговците  ја користеа балансната струја на МЕПСО кој пак ја позајмуваше од Eвропскиот енергетски систем и беше предупреден дека ќе им санкции и ќе плаќа пенали. Пa скапата балансна струја се плаќаше со пари од буџетот, откако се прогласи кризна состојба на пазарот со струја.

Во 2021 година најмногу нето негативни отстапувања има АД ЕСМ Скопје од 824 GWh, потоа следува У Повер од 51 GWh, Футуре 31 GWh, АД МЕПСО со 17 GWh, ЕДС АД Скопје со 16 GWh .

Колку пак од компаните го подмириле долгот кон преносниот систем и што е преземено за останатите фирми кои го правеле истото, од МЕПСО одговор најавија за утре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.