Цените на горивата се зголемуваат за да има повеќе пари во буџетот за фирмите основани од Ковачевски, велат во писмена реакција од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Владата не ја намалува акцизата за горивата, и не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, за да има повеќе пари собрани во буџетот, па оттаму да може да дели милиони, од кои дел во минатото земале и фирми основани од Ковачевски.

Народот ќе плаќа за 1.5 денари поскап дизел, за да не трпат расходите во буџетот, кои се неразвојно димензионирани.

Време е СДС наместо за себе да почне да работи за народот. А, дезертерот Ковачевски да си поднесе оставка, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.