Врховниот суд на седница одржана на 28 октомври минатата година ја одби како неоснована тужбата за клевета поднесена од тужителите Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски.

Судечкиот совет предводен од Мирјана Радевска Стефкова и во состав од судиите Владимир Стојаноски, Снежана Ѓорѓиеска Зекирија, Исамедин Лимани и Наке Георгиев одлучи тужителите да се задолжат на тужениот да му ги надоместат трошоците за одговор на ревизијата во вкупен износ од 32.424 денари, во рок од 15 дена по приемот на пресудата, се вели во пресудата на Врховниот суд.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери го тужеа екс-разузнавачот Слободан Богоевски дека ги наклеветил во своето сведочење пред американската Комисија за хартии од вредност, во постапка што се водела пред Окружниот суд во Њујорк во 2014 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.