Две возила се судрија околу 17 часот на крстосницата на булеварот Партизански одреди и улицата Рузвелтова, во близина кај Симпо. Во несреќата учествуваа две возила, БМВ и Ауди. Полицијата излезе на терен. Сѐ уште нема информации за повредени лица.

Полицијата порачува вечерва да се вози внимателно и да не се управува со возило во алкохолизирана состојба. Најдобро оставете ги автомобилите дома и одете на прослава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.