Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“, управувано од Ј.И.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од А.В.(30) од с.Никиштане, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, при што била удрена и Ф.К.(65) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а со телесни повреди се здобил сопатник од возилото „фолксваген поло“, А.В.(19) од с.Никиштане, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.