Владата на Република Македонија, во пресрет на утрешниот голем државен празник, 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј, организираше настан во чест на просветителите втемелени во создавањето на македонската писменост.

Владина делегација предводена од Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи, положи цвеќе на споменикот на Свети Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оддаде почит на просветителското дело на светите браќа, од темелно значење за македонскиот јазик, идентитет и култура.

Владата на Република Македонија во изминатите години со низа активни политики го заштити и унапреди македонскиот стандарден јазик, обезбедувајќи го неговиот континуитет. Од пред две години македонскиот јазик е на рамноправно рамниште и со официјалните јазици во институциите на Европската Унија. И во оваа насока, Владата го потенцира значењето на мудрите и проактивни политики, со цел натамошна афирмација и интеграција на македонскиот јазик, идентитет и култура, во демократските семејства на јазици, народи и култури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.