Денеска (31.12.2022) во заедничка акција на полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и помошни простории на Љ.Г. (22) во скопската општина Ѓорче Петров. При претресот пронајдени се три пакувања со амфетамин, дигитална вага, марихуана и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. Љ.Г. е приведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ. Министерството за внатрешни работи и во текот на новогодишните празници продолжува со засилени мерки и активности против недозволената трговија со дрога.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.