Во СВР Скопје вчера во 09:41 часот било пријавено дека на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Н.А.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од З.З.(21) од с.Визбегово, скопско.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса“, А.Е.(79) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.