Малолетничка се здобила со повреди откако управувајќи автомобил удрила во паркиран виљушкар. Несреќата се случила во кругот на гостиварска фабрика на излезот од Гостивар, соопшти МВР.

Со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот 18-годишен сопатник, а двајцата биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.