Малолетник бил удрен со возило од неговиот чичко додека се враќал наназад, во дворот од куќата во Скопје.

Малолетникот бил донесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по што полициски службеници излегле на терен за да истражат што се случило со него.

Тие констатирале дека несреќата се случила во дворно место од семејниот дом на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје.

Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.