Четири лица на возраст од 19 и 20 години се приведени веднаш по физички напад над двојно повозрасен жител на Џепчиште поради недоразбирање во сообраќајот. Инцидентот се случил на улицата „ЈНА“ во Тетово вчера околу 15 часот.

Полициски службеници ги лишиле од слобода А.А.(20), Б.А.(19) и Ј.А.(20) од Тетово и Е.Ш.(20) од тетовско Ново Село, поради сомнение дека непосредно пред тоа физички го нападнале 40-годишниот Б.Б. од тетовско Џепчиште.Според пријавеното, додека со возило се движел кон улицата „ЈНА“, четворицата се нафрлиле врз него, а поради недозразбирања во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се расчистува и документира случајот, по што во координација со Јавен обвинител на инволвираните во овој случај ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.