Многу наши сограѓани викендов ја напуштија државата и заминаа на викенд во Грција, но сепак еден граѓанин нема да го памети по добро престојот кај јужниот сосед.

Според објавите на социјалните мрежи, автомобил со македонски регистарски таблички паднал во Егејското море.

-Поздрав би сакале да го привлечеме вниманието на нашите следбеници за паркирање на угорнини. Дефинитивно кревање рачна кочника и автомобилот секогаш во брзина. Денеска за жал се случи несреќа во Неа Каликратија кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски регистарски таблички“, стои во објавата на Фејсбук страницата „Grcka info“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.