Ноќеска во временскиот период од 00:30 до 03:00 часот на Граничен премин „Табановце“ при влез во државата А.Г. (40), Т.Д. (39), двете од Скопје и А.Б. (36) од Тетово, лишени се од слобода од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при БЈБ и Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Куманово, во содејство со мобилен тим при Царинската управа.

Полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со холандски национални ознаки, управувано од Т.Д., во кое сопатници биле А.Г. и А.Б. и при претрес во возилото биле пронајдени три пакувања со вкупно 204 грама кокаин, наменет за улична продажба каде би достигнал вредност од околу 15.000 евра, едно пакување со хашиш, три пакувања со марихуана и мешавина на тутун со хашиш – информираат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица во СВР Куманово, а во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.