Вишото јавно обвинителство Заечар соопшти дека на осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ ќе им се суди за тешко убиство и дека тие се задржани во притвор.

На 4.4.2024 година, во 7 часот, по наредба на Вишото јавно обвинителство Заечар, полициското одделение во Бор одреди приведување на Ј. С. (1974) од с. Лука и Д. Д. (1974) од селото Злот поради постоење основи на сомнение дека на 26.3.2024 година ѝ го одзеле животот на Данка Илиќ (2022) и дека како соизвршители сториле кривично дело тешко убиство, се вели во соопштението.

Од Обвинителството потврдија дека преземаат мерки за прибавување и обезбедување на доказите неопходни за водење кривична постапка против осомничените. Најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана за натамошниот тек на постапката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.