Таткото на Срѓан Јанковиќ, осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ, ја однел полицијата кај селото Лука, каде се сомневаат дека телото било фрлено.

Полицијата во моментов ја пребарува колибата на семејството Јанковиќ.

Местото е ненаселено, а на терен се и голем број припадници на полицијата.

Да потсетиме, Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот се осомничени за убиството на Данка Илиќ (2) по која половина Европа ја бараше десет дена!

Тие двајцата на 26 март, според сопственото признание, ја убиле малата Данка. Прво ја удриле со автомобил, а потоа еден од нив излегол од возилото и со голи раце го задавил детето кое лежело на патот и плачело.

Според последните информации, многу брзо по исчезнувањето на малата Данка Илиќ, двајцата биле приведени и сослушани. Тие на рочиштето тврделе дека немаат никаква врска со исчезнувањето на девојчето.

Меѓутоа тие биле многу сомнителни на полицијата и затоа полицијата и пожарникарите прекопувале и ги пребарувале депониите, убедени дека ќе го најдат телото што го закопале.

Клучниот момент бил објавувањето на видеото од Виена, кога еден на друг си рекле „Дали го видовте ова во Виена, се извлековме“, откри истрагата, пишува српски Информер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.