Словенечката Влада денеска соопшти дека протерала 33 руски дипломати, откако во украинскиот град Буча беа пронајдени тела на убиени цивили, а Киев ги обвини руските сили за масакр.

Министерството за надворешни работи претходно соопшти дека го повикало рускиот амбасадор Тимур Ејвазов за да ја изрази „огорченоста на Словенија поради убиството на украинските цивили во Буча и другите градови ослободени од рускиот агресор“ и да го информира дека бројот на руските дипломати во земјата ќе биде намален.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.