Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја отфрли можноста земјата да воведе санкции врз Русија во енергенсите и да го забрани увозот на нафта и гас. Реакцијата доаѓа откако САД, кои увезуваат минорно количество на нафта од Русија, воведоа такви санкции.
Нема да воведеме санкции за нафта и гас. Снабдувањето на Унгарија со енергенси мора да биде безбедно, напиша премиерот Орбан на својот Фејсбук профил. За разлика од САД, Европа, а особено источна Европа, се во голема мерка зависни од руските енергенси и не можат да ги следат Американците во воведувањето вакви санкции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.