Цената на струјата во Грција скокна дури пет пати и сега ја надминува просечната плата, за што сведочи Србинката Ана Николиќ, која со години живее во таа земја.

Неделава потрошувачите почнаа да добиваат двомесечни сметки за струја и 1.000 евра за еден стан или куќа, што е пет пати повеќе отколку за истата потрошувачка што ја платиле лани. Луѓето се принудени да го исклучат парното иако е ладно. Едноставно не можат да платат толку сметки – раскажува Ана.

Операторите веќе почнале да ги исклучуваат потрошувачите затоа што не ги платиле навреме сметките .

Никој не размислува за храна,  иако намирниците се уште не поскапеле, Никој не прави залихи, луѓето едноставно немаат пари затоа што треба да плаќаат огромни сметки за струја, гас и комуналии-објаснува Николиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.