По поставувањето на блокади во северниот дел на Косовска Митровица, во четири случаи од огнено оружје било пукано кон полициските единици, а во еден случај била слушната и детонација, соопшти косовската полиција.

Во соопштението се наведува дека нема повредени ниту полицајци ниту граѓани.

Досега се пријавени четири случаи на запрени и малтретирани Албанци кои патувале во тој реон, нанесување повреди и материјална штета врз возила, од страна на осомничени за кои постои сомневање дека се дел од организации за блокирање патишта – се вели во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.