Рамуш Харадинај, лидерот на Алијансата за иднината на Косово, алармираше дека Приштина треба да ги искористи сите механизми што ги има за да ги отстрани барикадите на северот. На Фејсбук Харадинај упати повик до ЕУ и САД да интервенираат и да ја смират ситуацијата на северот на Косово и Метохија.

-Државата Косово треба да ги искористи сите механизми што ги има за итно отстранување на барикадите и сите други пречки на северот. Српската влада треба веднаш да се откаже од својата провоена политика и да ги повлече своите паравоени единици од северот. Апелирам до ЕУ и САД да интервенираат за да се смири ситуацијата на северот. Мирот не е алтернатива! Косово и Србија да седнат на маса и да постигнат мировен договор за меѓусебно признавање, пишува Харадинај во објавата.

Инаку, ситуацијата на северот на Косово и Метохија стана потензична откако лидерот Аљбин Курти испрати единици на РОСУ на север, без одобрение на четворицата градоначалници на северните општини со српско мнозинство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.