На социјалните мрежи кружи видео од новогодишна забава во Србија, којашто прераснала во масовна тепачка, во која не се знае кој кого удира. Во тепачката учествувале повеќе од 10 луѓе, имало и такви кои се обидувале да ја смират ситуацијата, додека други биле прилично агресивни.

Додека се удираат, музиката се уште свири во позадина, а гостите од горниот кат на локалот мирно гледаат што се случува.

Коментарите под видеото се главно осудувачки и иронични.

„Колку идиоти на едно место. Фантастично“, „Кој се тепа, тој се сака“, „Моите пријатели, бисери расфрлани“, се дел од коментарите под видеото.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.