Повеќе отстапки нема никаде да праваиме, изјави бугарскиот премиер и министер за надворешни работи Димитар Главчев во врска со изборните резултати во Република Македонија, објави БТА.

-Да почекаме да видиме каква влада ќе се формира. Се надевам дека ќе ја продолжат својата европска перспектива. Ставот што го имаме е паневропски став, на нашите пријатели од Република Македонија им е јасно дека доколку не ги исполнат условите за членство во ЕУ нема да функционира, рече техничкиот премиер Главчев



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.