Два земјотреси, секој со магнитуда над четврти степен, се регистрирани изутрината во различни региони на јужна Грција.

Посилниот земјотрес бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала и се случил во морето кај полуостровот Пелопонез во 7:30 часот, а неговиот епицентар бил на 52 километри јужно од градот Метони, а длабочината на фокусот ја пресметал грчкиот институт за геодинамика на 17 км.

Другиот земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, кој исто така беше на брегот, имаше епицентар на 39 километри северо-североисточно од градот Неаполи во префектурата Ласити на островот Крит. Потресот е регистриран во 10:12 часот по локално време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.