Најдобрата македонска репрезентација го заврши Европското првенство со три порази, во групата „А“ во унгарскиот град Дебрецин загуби од Словенија, Црна Гора и Данска. За првпат во нашата историја го завршуваме учеството на континенталните собири со три максимални порази и го освојува 22 место, зад нас се само селекциите на Босна и Херцеговина и Украина.

Ова е најслаб пласман на Македонија доколку се земе предвид фактот дека ова е второ Европско првенство по ред на кое учествуваат 24 селекции. Потсетување дека на нашето прво ЕП бевме последнопласирани на 12 позиција, но тогаш учествуваа само 12 репрезентации.

Во 2012 година го имавме најдобриот пласман, петто место, во 2014 година завршивме на 10 позиција, во 2016 и 2018 година го освојувавме 11 место, а пред две години дојдовме до 15 позиција.

Конечен пласман на ЕП 2022 од 13 до 24 место:

13. Чешка
14. Србија
15. Унгарија
16. Австрија
17. Словенија
18. Словачка
19. Португалија
20. Белорусија
21. Литванија
22. Македонија
23. Босна и Херцеговина
24. Украина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.