Ракометарките на Словенија триумфираа со 26-18 против Хрватска на стартот на втората фаза од Европското првенство (ЕП) за жени.

Словенија го отвори мечот со серија од 4-0, но Хрватките не се предаваа лесно и набрзо израмнија на 7-7. Меѓутоа, словенечките ракометарки на полувреме заминаа со еден гол предност (13-12).

Хрватска влезе во голема криза во второто полувреме и постигна само еден гол во првите 18 минути, а Словенија притоа создаде голема предност и славеше со 26-18.

Грос беше најдобра во репрезентацијата на Хрватска со седум голови, додека Блажевиќ постигна пет за Хрватска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.