„Ајде момци предизвикот е голем, направете не народ задоволен;

Покажете им кои сте и што сте, доста ве гледаа со иронија и потсмев;

Сите сме со вас знајте не сте сами, дајте се од себе нека има драми; 

Горди сме сите никој не се срами, Гркот може само да галами…“

Ова се стихови што Унгарците, кои се домаќини на Европското ракометно првенство, ги додадоа на неофицијалната македонска ракометна химна „Излези момче..“ и создадоа песна којашто ечеше од разгласот во салата при настапите на нашата репрезентација.

На тој начин, унгарските ракометни фанови јасно покажаа која селекција им е омилена и кого најмногу поддржуваат на првенството, во моментите кога не настапува нивната домашна репрезентација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.