Расмус Бојсен, данскиот ракометар и поранешен репрезентативец, ја посочи македонската Фаланга, како најдобра навивачка група во светскиот ракомет после комплетирањето на првата фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Иако Македонија заврши трета одзади на овој континентален шампионат после трите порази од Словенија, Црна Гора и од светскиот првак Данска, македонските навивачи се број еден и за Бојсен нема дилема кој е најдобар на трибините.

„Навивачите се вратија и беа прекрасни досега. Ракомет без навивачи на трибините не е исто, а моите три најдобри ракометни навивачи на светот се – Македонија, Унгарија, па Хрватска“, објави Бојсен.

Македонската Фаланга никогаш Македонија не ја остава сама, па во Дебрецин уште еднаш ја покажа сета приврзаност кон ракометната селекција, а Данците ги остави без зборови со навивањето во понеделникот и при негатива од десет голови разлика, кога едноставно ечеше македонска песна во „Феникс Арената“, а после поразот три минути им пееа на избраниците на Кирил Лазаров и не ги пуштаа да си заминат во соблекувалните.

Преземено од Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.