На женското Европско првенство во ракомет синоќа се завршија натпреварите во А и Б групите по кои елиминирани се репрезентациите на Швајцарија и на Србија.

Во „балканското дерби“ Словенија ја победи Србија и си обезбеди настап во главната рунда, додека Данска беше поуспешна од Шведска во „скандинавското дерби“.

Резултати:
Хрватска – Швајцарија 26:26
Словенија – Србија 27:24
Данска – Шведска 25:23
Норвешка – Унгарија 32:22.

Табела А-група: Норвешка 6 бода, Хрватска 3, Унгарија 2, Швајцарија 1.

Табела Б-група: Шведска 4, Данска 4, Словенија 4, Србија 0



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.