Канаѓанецот Денис Шаповалов по поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето на Австралија опен 2:3 го коментираше конфликтот со судијата.

Погрешно се изразив кога реков дека е корумпиран. Бев емотивен. Но сепак мислам дека сум во право. Не е фер што на Рафа му се дозволени толку многу работи. Бев подготвен да играм, времето течеше, три секунди, две, една, нула. Го гледам судијата и, се разбира, ќе кажам нешто – веќе чекам минута и половина. И тој вели дека нема да му даде предупредување, бидејќи не сум подготвен да играм. Ова е глупост. Истото по четвртиот сет. Рафа веќе направи две медицински паузи. По сетот беше прегледан – како што ми кажа судијата. И по овој увид направи и пауза за тоалет – иако лани мене не ми беше дозволено ова. Каде се границите? Ги почитувам достигнувањата на Рафа и тој е неверојатен играч. Но, мора да има граници и правила. Како резултат на таа пауза, по четвртиот сет имаше голем брејк, темпото се намали, стана многу потешко да се игра. Уште еднаш, не кажувам ништо против Рафа, тој е неверојатен играч. Но, многу е тешко и многу непријатно да се соочиш со сето ова. Се разбира, постои посебен однос со него. На сите мои други натпревари темпото беше многу побрзо бидејќи судиите цело време гледаа на стоперката. Му даваат толку многу време, изјави Шаповалов.

Надал вчера по четири часа и десет минути избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Тој поведе против Шаповалов со 2:0, а кога противникот изедначи, Шпанецот правеше неколку паузи и успеа да го наруши темпото на канадскиот тенисер кој беше во налет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.