Грчкиот тенисер Стефанос Циципас полеснио од очекувањата избори пласман во полуфиналето на Австралија опен.

Циципас во четврт-финалето на Грен слемот во Мелбурн, го совлада Италијанецот Јаник Синер со 3-0 (6:3, 6:4 и 6:2) по безмалку два часа игра.

Циципас кој е четврти носител на турнирот, во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Данил Медведев (Русија) – Феликс Оже-Алијасим (Канада).

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Рафаел Надал (Шпанија) – Матео Беретини (Италија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.