Шпанскиот тенисер Рафаел Надал избори пласман во полуфиналето на Автсралија опен, откако утрово го совлада Денис Шаповалов од Канада со 3:2.

Во меч што траеше четири часа и 10 минути, Шпанецот поведе со 2:0 (6:3 и 6:4). Со иста мера возврати Шаповалов за изедначување (6:4 и 6:3). Во одлучувачкиот петти сет, Шпанецот беше поуспешен и победи со 6:3.

Мечот не помина без скандали. Шаповалов изгуби нерви поради навиката на Надал да го одолговлекува сервисот и така да троши време, по што побара правда од судијата. На крај го нарече и корумпиран:

Надал по 36-ти пат ќе учествува во полуфинале на еден Грен слем турнир. Повеќе полуфиналиња од него имаат Новак Ѓоковиќ (42) и Роџер Федерер (46).

На Австралија опен, 20-кратниот грен слем шампион по седми пат влезе помеѓу четворицата најдобри и прв пат по 2019 година.

Противник на Надал во полуфиналето на Грен слемот во Мелбурн ќе би де победникот од денешниот меч Гаел Монфилс – Матео Беретини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.