Освојувачот на златниот медал во дисциплината кругови на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, унгарскиот гимнастичар Силвестер Чолањи (52) почина откако пред еден месец беше хоспитализиран поради компликации предизвикани од корона вирусот.

Освен златото од Сиднеј, еден од најуспешните унгарски гимнастичари во својата кариера освои и олимписко сребро четири години претходно во Атланта, а беше и светски првак во 2002 година на првенството во Дебрецин.

Чолањи се пензионираше во 2004 година и оттогаш беше тренер во детска гимнастика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.