Минатата недела во скијачкиот центар Колашин во Црна Гора, беа одржани ФИС натпревари и Државни првенства во слалом и велеслалом. Учествуваа тимови од Словенија, Хрватска, Полска, САД, Кипар, Србија, БиХ, Косово, Црна Гора и Македонија.

Одржани беа четири натпревари во слалом и два натпревари во велеслалом. Македонската екипа ја сочинуваа Виктор Петков, Влатко Анастасоски, Владимир Петков.

Добар настап и одлични пласмани оствари Виктор Петков кој петпати се качуваше на пиедесталот и од шесте натпревари, петпати го освојуваше третото место, иако на два натпревари по првото возење беше на првата позиција.

Сепак, петте бронзени медали се одличен резултат за Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.