Кинеските атлетичарки Кијеанг Шиџи, Лиу Хунг и Лиу Ксиуџи ќе ги добијат златниот, сребрениот и бронзениот медал на 20 километри брзо одење од Олимписките игри во Лондон 2012 година, откако е дисквалификувана Русинката Елена Лашманова.

Според Атлетскиот комитет за интегритет (АИУ), Лашманова добила суспензија на две години со почеток од 9 март 2021 година, поради употреба на забранети супстанции, што е прекршување на анти-допинг правилата на Светската атлетика, пренесува кинеското радио „Интернационал“.

На Русинката и се одземени и сите награди што ги има освоено од 18 февруари 2012 до 3 јануари 2014 година, вклучувајќи ја и титулата светски шампион од 2013 година.

Кијеанг (31) првично го освои бронзениот медал на на Олимписките игри во Лондон, додека Лиу Хунг и Лиу Ксиуџи беа четврти и шести.

Сепак, оригиналната вицешампионка, Олга Канискина, како и петтопласираната Анисија Кирдјапкина, беа суспендирани поради допинг, а со тоа останаа и без признанијата од Игрите во Лондон. Така, тогаш трите кинески спортистки успеаја да ги заземат второто, третото и четвртото место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.