Десетици илјади влезници за атлетската програма на летните Олимписки игри 2024 во Париз ќе бидат пуштени во продажба од идниот понеделник, објавија денеска организаторите на Игрите.

„Неколку десетина илјади влезници ќе бидат пуштени во продажба во рамки на акцијата Athletics Special. Ова е еден од низата промотивни настани кои ги организира Париз 2024 во текот на следните неколку недели пред почетокот на Игрите“, соопштија организаторите.

Атлетските натпревари ќе се одржат на „Стад де Франс“ од 2 до 10 август.

Најевтините влезници за утринските термини ќе чинат 24 евра, додека цените за вечерните термини почнуваат од 85 евра.

Повеќе од осум милиони од вкупно 10 милиони влезници за Олимписките игри од 26 јули до 11 август во Париз веќе се продадени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.