Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го критикуваше однесувањето на Ник Кирјос (Австралија) од кого загуби во 1/16 финалето на Вимблдон со 1-3, по сетови 7:6, 4:6, 3:6, 6:7.

Навистина се надевам дека ќе создадеме почиста верзија на нашиот спорт, каде ваквото однесување е недозволиво. Треба да се преземе нешто околу ова. Не е во ред. Некој треба да разговара со него. Не можам да седам како робот и да не реагирам на никаков начин. Се уморуваш од ова. Се чувствував како да сме во циркус. Постојано нешто кажуваше, постојано се жалеше за нешто. Иако дојдовме да играме тенис, а не да водиме дијалози. Се обидов да не се провоцирам од тоа, бидејќи можеби е намерно. Тоа е негов начин да манипулира со противникот, да го собори – изјави Циципас.

Тој додаде дека Кирјос извикувал „добар удар“ по неговите грешки.

Ова е постојано малтретирање. Постојано ги малтретира противниците. Веројатно, на училиште бил еден од оние кои се потсмеваат. Не сакам такви луѓе кои ги понижуваат другите. Има добри карактеристики, но има и нешто многу зло. Нешто што може да ги повреди луѓето – додаде Циципас.

Во осминафинаето на Грен слемот во Лондон, Кирјос ќе се соочи со Брендон Накашима од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.