Талентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски обезбеди пласман во второто коло на Вимблдон во јуниорска конкуренција откако славеше и тоа со пресврт. Ивановски во првото коло славеше со 3:6,6:4,6:2 над домашниот тенисер Лука Поу.

Англискиот тенисер во првиот сет направи два брејка и без поголеми проблеми успеа да дојде до водство од 0:1 во сетови. Во вториот сет Ивановски веднаш направи брејк, но потоа му дозволи на противникот два пати да го одзеде неговиот сервис и да поведе со 2:4. Но тогаш, Ивановски се разбуди, почна да игра фантастично и освои четири гема по ред за 6:4 и израмнување на 1:1 во сетови.
Ивановски беше одличен и во третиот сет кој го доби со 6:2 и си обезбеди пласман во второто коло каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу 11. носител, Мексиканецот Пачеко-Мендез и Базиле од Бразил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.