КАрл Стефановиќ е роден во 1974 година, а денес е едно од најпрепознатливите ТВ-личности во Австралија.Тој има српско-германско потекло. дедото на Стефановиќ бил Србин кој бил затворен од Германците за време на Втората светска војна, додека неговата баба Елизабет Хенц шверцувала храна за затворениците.

Кариерата ја започна како репортер, а својот нагорен пат го започна откако се префрли на една од најпознатите тамошни телевизиски станици. Репортажите на Стефановиќ за пожарите во 2001 и 2003 година му донесоа признание, а набрзо стана и водител на утринската програма „Денес“.

Карл ги наполни насловните страници кога изјави дека едно одело  го носел  една година.

Тој видел на колкав притисок бил изложен неговата колешка со која ја водел утринската програма, сфатил дека има различни очекувања кога е во прашање модата на машките и женските водителки и решил да носи едно одело цели 365 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.