Далас ја победи Минесота со 109-108 во вториот натпревар од финалето на Западната конференција синоќа во Минеаполис и поведе со 2-0 во серијата, а победата ја обезбеди Лука Дончиќ со тројка на 3,8 секунди пред крајот на натпреварот.

Дончиќ натпреварот го заврши со трипл-дабл ефект, петти во плеј-офот, реализирајќи 32 поени, 10 скокови и 13 асистенции. Кајри Ирвинг додаде 20 поени, а Даниел Гафорд 16.

Наз Рид ги предводеше Тимбервулфс со 23 поени, но беше непрецизен во обидот да постигне тројка во последниот напад.

Следните два натпревари од серијата се играат во Далас, а третиот е закажан за в недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.