Германија и Канада обезбедија место меѓу најдобрите четири репрезентации на Светското кошаркарско првенство со што се познати сите полуфиналисти на завршниот турнир кој се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Во четврт-финалето, Канада беше поуспешна од Словенија со 100-89, додека Германија во драматичен натпревар со 81-79 ја совлада Летонија. Летонците имаа шанса за победа, но Давис Бертанс на две секунди пред последниот свиреж беше непрецизен во обид за три поени.

За место во финалето на кошаркарскиот Мундијал репрезентацијата на Германија в петок ќе игра против САД, додека противник на Канада ќе биде Србија.

Покрај пласманот во полуфиналето, Германија и Србија обезбедија и директен пласман на Олимписките игри 2024 како две најдобро пласирани европски репрезентации на Мундијалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.