Репрезентацијата на Србија е првиот патник во големото финале од Светското првенство. „Орлите“ во полуфиналната пресметка со Канада беа апсолутно подобар противник и сосема заслужено славеа со резултат 95-86.

Најефикасен во победничкиот табор беше Богдан Богдановиќ со 23 поени, а ист скор имаше и Ар Џеј Берет од Канада. Србија во големото финале го чека подобриот од дуелот меѓу САД и Германија.

Американците се големи фаворити во второто полуфинале и голема е веројатноста дека токму тие ќе бидат противници на феноменалниот српски тим.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.