Актуелниот НБА шампион, Милвоки бакс, пред своите гледачи во драматичен натпревар го совлада Бостон со 103:101 и поведе со 2-1 во полуфиналето во Источната конференција

Милвоки до втората победа во конференциското полуфинале беше предводен од Јанис Антетокумпо, кој оствари 42 поени од 30 шутеви. Грчкиот кошаркар додаде 12 скокови, осум асистенции и две блокади.

Милвоки имаше очаен процент за три поени од 9/34, а речиси идентичен ефект имаше и Бостон (9/33), што на крајот гостите ги чинеше пораз.

Четвртиот натпревар во серијата до четири победи се игра повторно во Милвоки, ноќта меѓу понеделник и вторник во 01:30 часот по средноевропско време.

До предност од 2-1 во Западната конференција дојде и Голден Стејт со триумф над Мемфис од 142:112.

Стеф Кари со 30 поени и шест асистенции го предводеше Голден Стејт до убедливиот триумф пред четвртиот натпревар кој е на програмата утревечер повторно во „Чејс Центар“ во Сан Франциско.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.