Светската фудбалска федерација (ФИФА) денес во Доха ќе ги извлече групите за Светското првенство, кое во ноември и декември ќе се одржи во Катар. Оваа егзотична земја по забрзана постапка ја направи инфраструктурата потребна за домаќинство на големиот собир, а повеќе пати беа повикани да одговараат за нехумани услови за работниците.

Поради тоа, во пресрет на ждрепката германскиот уметник Фокер Јоханес Триб пред седиштето на ФИФА во Цирих реши да направи протест. Тој истовари 6.500 фудбалски топки исполнети со песок, симболизирајќи ги загубените животи на работниците во изградбата на стадионите.

Катар беше обвинет за нехумани услови, а беше посочено дека толкму 6.500 работници настрадале во работите на инфраструктурата од 2010 година досега. Организациите за заштита на човечките права повикуваа ФИФА да го одземе домаќинството на Катар, но до такво нешто не дојде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.