По комплетирањето на групите на Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар, познат е и распоредот на натпревари во групната фаза на Мундијалот кој ќе се игра во невообичаен термин.

За првпат во историјата ќе гледаме мундијалски натпревари во ноември и декември. Следат супер-интересни пресметки, а групната фаза на светскиот фудбалски собир ќе трае од 21 ноември до 2 декември.

Ќе се играат по четири натпревари дневно, во термините од 13:00, 16:00, 19:00 и 22:00 часот во првите две кола, а последното коло ќе понуди два термина, од 18:00 и 22:00 часот.

ГРУПА А:

1. коло (21 ноември): Катар – Еквадор, Сенегал – Холандија
2. коло (25 ноември): Катар – Сенегал, Холандија – Еквадор
3. коло (29 ноември): Холандија – Катар, Еквадор – Сенегал

ГРУПА Б:

1. коло (21 ноември): Англија – Иран, САД – Победник од УЕФА бараж
2. коло (25 ноември): Англија – САД, Поб. УЕФА – Иран
3. коло (29 ноември): Поб. УЕФА – Англија, Иран – САД

ГРУПА Ц:

1. коло (22 ноември): Аргентина – Саудиска Арабија, Мексико – Полска
2. коло (26 ноември): Аргентина – Мексико, Полска – Саудиска Арабија
3. коло (30 ноември): Полска – Аргентина, Саудиска Арабија – Мексико

ГРУПА Д:

1. коло (22 ноември): Франција – Австралија/Перу, Данска – Тунис
2. коло (26 ноември): Франција – Данска, Тунис – Австралија/Перу
3. коло (30 ноември): Тунис – Франција, Австралија/Перу – Данска

ГРУПА Е:

1. коло (23 ноември): Шпанија – Костарика/Н. Зеланд, Германија – Јапонија
2. коло (27 ноември): Шпанија – Германија, Јапонија – Костарика/Н. Зеланд
3. коло (1 декември): Јапонија – Шпанија, Костарика/Н. Зеланд – Германија

ГРУПА Ф:

1. коло (23 ноември): Белгија – Канада, Мароко – Хрватска
2. коло (27 ноември): Белгија – Мароко, Хрватска – Канада
3. коло (1 декември): Хрватска – Белгија, Канада – Мароко

ГРУПА Г:

1. коло (24 ноември): Бразил – Србија, Швајцарија – Камерун
2. коло (28 ноември): Бразил – Швајцарија, Камерун – Србија
3. коло (2 декември): Камерун – Бразил, Србија – Швајцарија

ГРУПА Х:

1. коло (24 ноември): Португалија – Гана, Уругвај – Јужна Кореја
2. коло (28 ноември): Португалија – Уругвај, Јужна Кореја – Гана
3. коло (2 декември): Јужна Кореја – Португалија, Гана – Уругвај

СП 2022 ќе трае до 18 декември, а финалето ќе се игра на стадионот „Лусаил“ во 18:00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.