Tренерoт на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека има „многу добри изгледи“ Тиаго и Фабињо да играат во вечерашното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

– Засега добро им оди, а големи се шансите Тиаго и Фабињо да можат да играат .

Познатиот германски тренер е загрижен за состојбата на теренот, бидејќи новата трева е поставена неодамна.

– Овој терен е поставен вчера, а тоа не е добра вест. Но, истото важи и за двата тима. Топката отскокнува нормално и тоа е добро. Некој мислеше дека е добра идеја да се засади нова трева два дена пред натпреварот. Интересно – изјави Клоп.

Клоп изјави и дека „што и да правиш, треба да стекнеш искуство“, а неговиот тим „доби искуство“, а тој ретко „губи во финалните натпревари“.

– Изгубив многу финалиња во животот, и научив многу од тие порази. Момчињата еволуираа во последниве години. Сите сме поврзани. Во добар момент сме и подготвени сме за финалето – додаде Клоп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.